Останати спортови
ШК Алкалоид стартуваше со убедлив триумф на стартот на Европскиот клупски куп

Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваше со победа од 5,5:0,5 против Дарданија.
За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија Абиманју Пураник и Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување цел поен.
Противничкиот тим Дарданија од Косово успеа да даде отпор само на првата табла, каде што беше Арјун Еригаиси.
Од втората до четвртата табла Ји Веи, Јангји Ју и Читамбарам Аравинд донесоа цел поен за Алкалоид.
ШК Алкалоид е второрангиран тим според рејтингот и заедно со другите тимови од првата петорка се смета за еден од фаворитите во борбата за медалите.
На турнирот играат 102 екипи, а по првото коло 48 од нив се на делба на првото место со по 2 бода.
Во согласност со швајцарскиот систем на натпреварување, во втората рунда ШК Алкалоид ќе игра со домашната екипа Ипотис Родос.
октомври 20, 2025