Connect with us

Фудбал

Нотингем Форест го отпушти Постекоглу по шестиот пораз во осум натпревари

Тренерот на Нотингем Форест, Анже Постекоглу, ја напушти својата функција, објави прес-службата на премиерлигашот.

-Фудбалскиот клуб Нотингем Форест може да потврди дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Постекоглу е разрешен од должноста главен тренер, стои во соопштението.

Шеесетгодишниот тренер беше на чело на Нотингем Форест од 9 септември.

Денес тимот претрпе тежок пораз од 3:0 на домашен терен од Челзи. 

Вкупно, Нотингем Форест одигра осум натпревари под водство на Посекоглу претрпувајќи шест порази.