Тенис
Синер сè уште без одлука за настап во завршницата во Дејвис купот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер (АТП-2), изјави денеска дека сè уште не донел одлука дали ќе настапи во завршницата на Дејвис купот, што ќе се одржи од 18 до 23 ноември во Болоња, а каде Италија ќе го брани трофејот освоен во 2023 и 2024 година.
„Сè уште не сум одлучил, не знам“, рече Синер.
Италијанецот неодамна го предаде дуелот од третото коло на Мастерсот во Шангај против Холанѓанецот Талон Грикспор поради грчеви во десниот бут.
„Се обидуваме да разбереме зошто ги имав тие грчеви, понекогаш нема вистинско објаснување. Ова се работи што се случуваат, но сега сум добро и тоа е најважното“, додаде Синер.
Предводена од Синер, Италија го освои вториот Дејвис куп во својата историја во 2023 година, прв од 1976 година, победувајќи ја Австралија во финалето. Минатата година, Италија повторно триумфираше и го одбрани трофејот со триумф над Холандија
октомври 17, 2025