Фудбал
Гана се пласира на СП 2026 и доби честитка од Инфантино

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ѝ честиташе на репрезентацијата на Гана за пласманот на Светското првенство во 2026 година.
-Честитки до „Црните ѕвезди“ за избореното нивното петто Светско првенство. Вашите навивачи ќе донесат боја, стил и страст на најголемото Светско фудбалско првенство во историјата во 2026 година, а очекуваме вашиот тим да произведе уште повеќе ѕвезди од светска класа кои ќе ги следат стапките на познатиот тим кој стигна до четвртфиналето на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, стои во честитката на Инфантино објавена на официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на Гана.
Гана освои 25 поени и заврши прва во Група, станувајќи 21-та екипа што обезбеди учествуво на Светското првенство во 2026 година.
Претходно, од Африка пласман на Мундијалот 2026 обезбедија: Мароко, Тунис, Египет и Алжир.
октомври 14, 2025