Општини
Меџити од Куманово: ВРЕДИ воспостави конкуренција, визија и решенија за граѓаните

За време на средбата на коалицијата ВЛЕН со граѓаните во Куманово, еден
од лидерите на коалицијата и кандидат за градоначалник на општина Чаир,
Изет Меџити истакна дека изборната кампања треба да се фокусира на
конкретните проблеми на граѓаните и на решенијата кои директно влијаат
врз нивниот секојдневен живот, се вели во соопштението на ВРЕДИ коешто МИА го објавува интегрално.
„Изборната кампања се обидуваме да ја фокусираме на локалните решенија и
локалните проблеми, затоа што граѓаните имаат само еден живот“, истакна
тој, додавајќи дека иселувањето на Албанците е резултат на слабата
инфраструктура, образованието, здравството и животниот стандард.
Споредувајќи го пристапот на актуелната влада со минатото, Меџити посочи
неколку суштински разлики.
„Оваа влада за 15 месеци издвојува 1 милијарда евра за да се почитува
целата земја во духот на Охридскиот договор. Претходните влади
издвојуваа исто толку, но за менување на историјата и коруптивни
проекти, воопшто не во интерес на Албанците, и тоа секако им пречи“.
Тој нагласи дека ВЛЕН донесе конкуренција во идеи и програми, рушејќи го
долгогодишниот политички монопол.
„Во минатото имаше политички монопол, додека денес ВЛЕН донесе
конкуренција во програмите и идеите, а не кој ќе критикува повеќе. Тие
што немаат визија прибегнуваат кон навреди, критики и националистички
карти“.
Понатаму, Меџити потсети на неуспесите на претходните влади во клучни
национални прашања.
„20 години не го донесоа ниту Законот за борците од војната, ниту
Законот за албанскиот јазик. За големите теми ќе зборуваме на
парламентарните избори, Албанците сега го имаат ВЛЕН, кој може подобро
да им застане зад албанските прашања од нив“.
Тој дополнително истакна дека ВЛЕН има докажан интегритет и политичка
чистота.
„Немаме ниту една корупциска афера, а оној што имаше, му се придружи на
‘црните листи’. Албанците овојпат одлучија да му дадат шанса на ВЛЕН
секаде каде што живеат, и по 4 години нека се направи споредба во
работата“.
Меџити упати и повик на граѓаните да го изберат развојот, достоинството
и одговорната промена.
„Време е Албанците да гласаат за тие што работат за нив, а не за тие што
ги разочараа две децении“, порача тој на крај.