Connect with us

Општини

Тоневски: Ќе изградиме нов градски базен во Пробиштип

Нашиот Пробиштип уште од поставувањето на темелите се градел во визија- урбан и модреден град. Пробиштип е еден од првите градови со свој базен, место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите летни спомени, изјави Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

Место полно со живот, не е случајно што токму Пробиштип беше првиот град што доби Аква парк во Македонија. Ние секогаш сме чекор напред, со отворено срце и јасна цел – подобар живот за сите нас. Водени од љубовта кон нашиот град и заложбите за подобра спортска и рекреативна иднина, во следниве четири години Пробиштип ќе добие нов модерен градски базен. Базен за сите, од најмалите до највозрасните. Простор за рекреација, пливачки школи, летна забава и здрав живот. Затоа што Пробиштип може, Пробиштип знае како и најважно Пробиштип сака.

За секое дете што ќе научи да плива, за секој спомен што допрва ќе го создадеме.

За тебе, за твоето место, за твојата иднина.