Connect with us

Општини

Проданоски: Во населбата Волково во Прилеп ќе изградиме излетнички центар на површина од 30 000 метри квадратни

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп Дејан Проданоски најави изградба на излетнички центар на површина од 30 000 метри квадратни во населбата Волково во Прилеп, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

Овде го градиме најголемиот парк во Прилеп!

Паркот во Волково ќе биде излетнички центар со содржини за сите генерации, има пешачки и велопатеки, детски игри, фитнес зони и простор за одмор.

Ова ќе биде место каде се среќаваат семејството и пријателите. Со еко решение и соларно осветлување го градиме најчистиот парк во градот.

Паркот ќе биде жив простор и ден и ноќ. Со светло, живот и зеленило. Ова е место за одмор, енергија и природа во срцето на Прилеп. Ова е вистинскиот избор, парк Волково каде Прилеп дише зелено.