Connect with us

Општини

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Се наоѓаме на локација покрај пречистителната станица во Радовиш. Овде е планирано да се изгради прифатилиште за кучињата скитници, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од изјава на Љупче Почивалец, кандидат за градоначалник на општина Радовиш од оваа партија, што МИА го пренесува интегрално.

Тоа е едно од најгорливите прашања на нашите сограѓани.

Со тоа ќе обезбедиме поголема безбедност на граѓаните, подобрување на јавното здравје и секако хуман пристап кон животните.