Connect with us

Фудбал

Алба за неговата одлука да се пензионира: Одбрав вистиско време

Фудбалерот на Интер Мајами, Жорди Алба, ја коментираше неговата одлука да се пензионира по сезоната 2025.

– Очигледно, тоа беше одлука што морав да ја донесам. Знаев дека избалансиран пристап е најдобар. Очигледно, сè уште сум физички добро, но сè пресметав и мислам дека ова е најчесната, најфер одлука. Кога ќе се најдам во ситуација каде што нема да дадам 100% или да дадам сè што сакам, или можеби сè што треба да дадам, избирам да се повлечам. Мислам дека сега е вистинското време, го цитира ESPN 36-годишниот Шпанец.

Алба освои шест титули во шпанското првенство и Лигата на шампионите со Барселона. Тој играше и за Корнела, Валенсија и Гимнастик. 

Дефанзивецот се приклучи на Интер Мајами во 2023 година.