Connect with us

Останати спортови

Стартот на Џиро 2026 во Бугарија

Велосипедската трка Џиро д’Италија, која оваа година тргна од Албанија, во 2026 година ќе стартува во Бугарија, објави денеска Урбно Каиро, претседател на групацијата РЦС Спорт, која ја организира реномираната трка.

„Минатиот мај започнавме во Албанија, следната година, на 9 мај, од Бугарија“, изјави Каиро, без да даде дополнителни детали.

„Овие одлични стартови на трката од странство имаат позитивно влијание, како во земјите каде што започнуваме, така и за Италијанците кои откриваат нови територии. Го охрабруваме италијанскиот извоз, Џиро е амбасадор на спортот во светот“, рече Каиро.

Џиро ќе стартува надвор од границите на Италија по шеснаесетти пат во својата историја, тренд кој се забрзува од 2010 година, со стартови во Холандија (2010, 2016), Данска (2012), Обединетото Кралство (2014), Израел (2018), Унгарија (2022) и Албанија (2025).