Connect with us

Вести

Средба на Сиљановска-Давкова со Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција оствари средба со Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, како едно од најважните тела на Советот на Европа коешто ги обединува локалните власти од 46 земји-членки, Конгресот е насочен кон зајакнувањето на локалната самоуправа и демократијата.

На средбата e разговарано за досегашната соработка на Конгресот со нашата држава и реализираните проекти.

Како долгогодишен член на Групата на независни експерти и нејзин потпретседател во два мандати, Сиљановска-Давкова се согласила со Кулс дека живееме во време што бара ангажман во зајакнувањето на локалната самоуправа и демократија во земјите-членки на Советот на Европа. На средбата било посочено дека развојот на демократијата на централно ниво е неможен без развојот на демократијата на локално ниво