Општини
Сајкоски: Крушево треба да го добие заслуженото место на туристичката мапа

Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од народниот митинг во Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 година под слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Сајкоски им го честиташе празникот 11 октомври на крушевчани и повика на обединување за промени во Крушево. Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на развојот на локалната самоуправа, борбата против корупцијата, како и на подобрување на образованието, здравството и инфраструктурата.
,,Ден, не само на национална борба, ден на востание, туку ден на континуирана борба на македонскиот народ за самостојност и посебност. 11 октомври е продолжение на борбата на Разловечкото, Кресненското, Илинденското востание. Продолжение на борбата за самостојност, независност. Затоа сакам навистина овој ден да ни претставува обединување кон една нова промена за Крушево, промена со која што ќе донесеме нов градоначалник. Промена која ќе значи обединување на македонските граѓани, без разлика од која вера, која народност се, дали се Албанци, Турци, Власи, Роми, сите да се обединиме денес за да ги направиме промените за подобра иднина утре“, вели Сајкоски.
Сајкоски повика на масовна излезност и поддршка од граѓаните и ја истакна поддршката од Владата предводена од Христијан Мицкоски.
,,Мора да ги убедиме сите граѓани, и оние кои што се двоумат, и оние што не сакаат да излезат, да им укажеме дека од нив зависи иднината и од сите нас што сме тука, како ќе изгледа Крушево во следниот четиригодишен мандат. Затоа што ние даваме шанса сега, затоа што имаме Влада, предводена од нашиот премиер, кој што посветено работи за локалната самоуправа, работи и за пензионерите, работи и за образованието со неговите министри, работи да испорача и за здравството и за инфраструктурата“, рече Сајкоски и додаде:
,,За прв пат се случи да има толку проекти за 15 месеци. Но, работи и за да го намали криминалот и корупцијата. Затоа, заедно со Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски, со Нико Чонески да донесеме тука во Крушево, да има повеќе проекти, да има повеќе работа, да има повеќе работни места, и да изградиме навистина иднина онаква каква што заслужувате сите“.
Сајкоски се заблагодари за поддршката и истакна дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена. Тој најави реализација на бројни проекти за развој на Крушево, отворање нови работни места и подобрување на инфраструктурата, со цел градот да стане туристички центар и симбол на иднината на Македонија.
,,Сакам воедно и да ви заблагодарам за поддршката во изминатиот период што верувате во нас, нема да бидат вашите очекувања изневерени никогаш, ние стоиме рамо до рамо со вас и денес и утре и пред 4 години, и пред 10 години, тука во Крушево. Планираме навистина за Крушево да се испорачаат многу проекти, да има отворање на нови работни места, да има подобрена инфраструктура, Крушево да го направиме еден вид туристички центар со подобрена инфраструктура. На таков начин тука ќе порачаме до сите крушевчани, дека има иднина за Крушево, има иднина за Македонија“, заклучи Сајкоски.
октомври 11, 2025