Ракомет
Ројевиќ: Имаме високи амбиции во ЕХФ купот

Ракометарите на ГРК Охрид во деновите од викендот ќе ги одиграат двата дуела од ЕХФ Европскиот куп од второто коло. Охриѓани двата натпревара ќе ги играат на домашен терен во договор со противникот екипата на Баки од Азербејџан.
Би ги повикал сите навивачи да нè поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужија поддршка со прикажаното во досегашната заедничка работа. Имаме високи амбиции во ЕХФ Купот и со нетрпение го чекаме дуелот в сабота. Баки е можеби енигма, ама имаме некој материјал и успеавме да се подготвиме. Екипата ќе биде на високо ниво и мотивирана за првиот дуел со цел да го решиме прашањето за победникот. Мислам дека сме квалитетен тим. изјави тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ.
Првиот натпревар на кој екипата на Баки е „домаќин“ се игра утре сабота со почеток во 18 часот, а реваншот е следниот ден (недела) во истиот термин.
октомври 11, 2025