Connect with us

Фудбал

Погба се повреди на тренинг на Монако

Фудбалерот од средниот ред на Монако, Пол Погба, се повреди за време на тренинг, објавија тамошните медиуми.

Триесет и двегодишниот Французин има истегнување на бутен мускул.

Се очекуваше Погба да биде подготвен за натпреварот од осмото коло од Лига 1 против Анжи на 18 октомври, но неговото учество сега е под знак прашалник.

Монако ова лето го објави потпишувањето на играчот од средниот ред, кој отслужи суспензија поради допинг. 

Погба кој со Франција го освои Светското првенство во 2018 година последен пат играше во официјален натпревар во септември 2023 година.