Connect with us

Политика

Манасиевски: Дали 14 милиони евра од еден тендер на Марковски компани завршиле на сметки на Заеви, затоа ли судот го пушти во куќен притвор?

Од денес почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани, очигледното испумпување на пари од државните РЕК и ЕСМ и грабежот кој го правеле СДС. Од сето ова ќе стане јасно зошто газдата на Марковски компани доби куќен притвор од судиите на СДС, наместо да заврши во затвор.

Имено, 46 милиони евра од само еден тендер од СДС за Марковски компани, избрани иако поскапи и сега добива само куќен притвор, од авион се гледа трулото судство!

Почитувани граѓани,

За конкретната набавка за ископ на јаглен имало три понудувачи.

Најевтината понуда изнесувала 100 денари по гигaџул. Но прифатена е понуда од 129,7 денари по гигaџул. Тоа е 30 проценти повисока цена.

Автоматски се поставува прашањето каде завршиле овие 30%.

Да биде појасно, 30% од 46 милиони евра се 14 милиони евра. Дали овие 14 милиони евра завршиле преку разни канали до сметки на Заеви во Бугарија и Дубаи?

14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ како очигледен профит за мафијата која тогаш управувала со државата.

И сега газдата на Марковски компани, е тој што треба да каже каде завршиле овие 14 милиони евра разлика во понудите, тој наместо во притвор е во куќен притвор, заштитен директно од судиите на СДС, кои ги извршуваат насоките на нивните наредбодавци Филипче и Зоран Заев.

Почитувани, деновиве продолжуваме со објавување на детали од тоа како со пари на РЕК и ЕСМ преку Марковски компани се финансирал кругот околу Заеви и Филипче.