Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Октомври е месец што нè потсетува дека превенцијата и контролите спасуваат животи

Розов октомври – провери, спречи, победи. На покана на Унијата на жени од Скопје, денеска се приклучив на маршот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, информираше попладнево на неговата страница на „Фејсбук“, градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

-Октомври е месец кога носиме розова лента во знак на поддршка, месец што нè потсетува дека превенцијата и редовните контроли спасуваат животи. „Розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај жените, борба што ја водат мајките, сестрите, ќерките, пријателките … борба што ја води жената – столбот на нашето општество, истакна Ѓорѓиевски.

Тој на социјалната мрежа подвлекува дека редовната контрола е сила и изразува поддршка за сите кои се бореле и победиле.