Тенис
Ѓоковиќ загуби од 204-тиот светски тенисер во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Валентин Вашеро од Монако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 3:6 и 4:6.
Новак три пати повика физиотерапевт, кој му го масираше грбот и левиот бут.
204-от светски тенисер Вашеро сервираше 6 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 3 од 6 брејк топки.
Петтиот светски тенисер Ѓоковиќ сервираше 5 аса, имаше 5 двојни грешки и реализираше 1 од 2 брејк топки.
Дваесет и шестгодишниот Вашеро стигна до своето прво финале на Мастерсот. Тој ќе го предизвика победникот од натпреварот помеѓу Данил Медведев и Артур Риндеркнеш во мечот за трофејот.
октомври 11, 2025