Вести
Филипче за разрешениот директор на Неврологија: Лекарската комора да провери дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти

На новинарско прашање како го коментира најновиот скандал со директорот на Неврхирургија Кузмановски, за кој излезе видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче одговори:
„Сметам дека треба да реагира лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти. Така да, тоа е многу сериозно прашање, можеби во прашање биле доведени животи на некои негови пациенти доколку бил во некоја таква состава, сега да не прејудицираме, но ова работа заслужува сериозна анализа и проверка од страна на комората“ рече Филипче.
октомври 11, 2025