Останати спортови
Две италијански пливачки суспендирани поради кражба

Две италијански пливачки, кои беа задржани неколку денови поради кражба во Сингапур по враќањето од Светското првенство, се суспендирани на три месеци, објави денеска Пливачката федерација на Италија.
Поради суспензијата, Бенедета Пилато, која освои бронзен медал на СП во дисциплината 50 метри градно, и Кјара Тарантино, ќе го пропуштат Европското првенство во мали базени во Полска во декември.
Според извештаите на италијанските медиуми, Пилато и Тарантино биле запрени на аеродромот во Сингапур и задржани со денови откако Тарантино била забележана како става украдена козметика во торбата на колешката од репрезентацијата.
Двете пливачки беа ослободени откако италијанската Амбасада се вклучила во случајот.
Инцидентот се случил нешто повеќе од една недела по завршувањето на СП на 3 август, додека пливачките се враќале од одмор на Бали.
октомври 11, 2025