Политика
Андоновска: Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна

Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна и на страна на говорот на омраза.
Венко Филипче можеше да истапи и да покаже различен и конструктивен пристап. Но тој избра да остане во црнилото на СДС и да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава оваа партија преку нејзините перјаници како Бранко Тричковски.
Бранко Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, тој добива публицитет од структури блиски до СДС, и партијата со тоа креира паралелен наратив на партискиот во вид на црна кампања.
Венко Филипче со неосудување на Бранко Тричковски, само покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС.
Филипче на овие избори нема програма, нема проекти, нема што да зборува пред граѓаните, затоа неговите апологети шират говор на омраза, повикуваат на смрт и убиства. Народот тоа јасно го гледа и жестоко ќе го казни.
Ви благодарам.
октомври 11, 2025