Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да го поддржат Костовски за Бутел, реализираше над 90 проценти од својата програма

Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма. Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина.
Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни услови за следење на наставата.
Покрај ова предвидена е изградба на прва детска инклузивна градинка со капацитет за сместување на 120 дечиња, како и други две градинки во Радишани и Визбегово.
Понатаму, покрај изградба на нови мега паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска со улицата Александар Урдаревски со што ќе се намали сообраќајниот хаос, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, асфалтирање на улици, се обврзуваме на изградба на противпожарен пункт, како и изградба на пазар во населено место Радишани.
За сето ова да се реализира потребна е поддршката од граѓаните на Општина Бутел, на 19 октомври да излезат и да го дадат својот глас за број 9 за Дарко Костовски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Бутелчани заслужуваат подобра иднина. Општина Бутел мора и ќе продолжи да се развива во модерна и урбана општина, со проекти и визија.
Посветеноста и домаќинското работење носат резултати. Затоа вистинскиот избор е бројот 9, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.
октомври 9, 2025