Connect with us

Општини

Милош Биковиќ во Берово – најавена најголемата инвестиција во историјата на општината

Светски познатиот актер Милош Биковиќ денеска престојуваше во Берово, каде заедно со кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ружински, разговараа за реализација на најголемата поединечна инвестиција во историјата на Берово.
Иницијативата за средбата потекнува од Ружински, кој со својот план и визија успеал да го привлече вниманието на актерот и да го донесе во Берово.

Биковиќ, кој има семејни корени од овој крај, изјави дека неговата мотивација е поврзана и со емоционалната врска, но и со визијата што ја претставил Ружински.

-Корените секогаш те влечат дома. Но, визијата е она што те убедува да инвестираш во иднината. Во разговорот со Петар Ружински, јас ја видов таа визија за Берово, изјави Биковиќ.

Според најавите, инвестицијата треба да донесе забрзан економски развој, отворање на нови работни места и дополнителен импулс за развој на туризмот, со што Берово ќе се позиционира на пошироката туристичка мапа.

Посетата на Биковиќ, како што беше посочено, е показател дека со јасна стратегија и посветена работа, регионот има потенцијал да привлече сериозни инвеститори.