Connect with us

Општини

Касами: Ќе ја изградиме Саат кулата за да му додадеме уште една туристичка атракција на нашиот богат град.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами преку прес-конференција ги образложи заложбите за проекти во областа на културата доколку го добие вториот мандат од граѓаните. Тој образложи дека на почеток на првиот мандат биле организирани десетици настани, активности, фестивали и организации на збиднувања поврзани со културата.

-Во првиот мандат го разбудивме културниот дух на Тетово, по долг период на летаргија и незаинтересираност од страна на Општината. Тетово повторно го претворивме во културен и уметнички центар за жителите, онака како што му прилега на нашиот град. „Тетовско лето“ ги обедини сите генерации во нашиот град, во една прослава на животот, уметноста, културата и спортот. Се погриживме Тетово да ги одразува и своите историски вредности. На “улицата на бутиците” односно улицата „Радован Цониќ“ поставивме калдрма, давајќи ѝ го изгледот што го заслужува, рече Касами.

Тој најави дека поддршката за културата и уметноста ќе продолжи и во следниот мандат. Според него еден од најважните проекти е изградбата на Саат кулата која постоела во Саат маало.

-Со тоа му го враќаме на Тетово неговиот оригинален идентитет и му додаваме уште една туристичка атракција на нашиот богат град. Покрај тоа, ќе изградиме современа библиотека и читална, опремени со современа литература, простории каде што младите ќе можат да учат и да се развиваат. Ќе формираме општинска културна установа, ќе воспоставиме нови културни и уметнички манифестации и ќе ги поддржиме младите креатори.Тетово ќе биде жив и активен град во областа на уметноста и културата, рече Касами.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1