Општини
Јовановски: Ќе изградиме нова спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево
Почитувани, ќе изградиме спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, каде конечно нашите дечиња ќе можат да одржуваат една нормална и редовна настава по физичко образование како што доликува, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од изјава на Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево, што МИА ја пренесува интегрално.
Ќе го подобриме превозот на учениците од сите приградски наслеби и од градските населби, за да можат безбедно да стигнат до училишните клупи.
Ти одлучуваш!
октомври 9, 2025

