Фудбал
Арсенал привремено ќе се пресели на Вембли

Раководството на Арсенал размислува за зголемување на капацитетот на нивниот стадион „Емирејтс“. Пред 20 години популарните „топџии“ се преселија и заминаа од култниот стадион „Хајбери“.
Според британските медиуми, во Арсенал имаат план да бидат во чекор со најголемите стадиони во земјата и затоа им е потребно зголемување на капацитетот. Во моментов „Емирејтс“ имаат капацитет од 60.704 места и е петти по големина стадион во Англија.
Ако се реализира овој план Арсенал привремено ќе се пресели и натпреварите како домаќин ќе ги игра на Вембли, односно додека трае реновирањето.
октомври 9, 2025