Connect with us

Општини

Андов: Дигитализацијата значи подобри услуги и крај на корупцијата

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов денеска на прес-конференција пред зградата на Општина Кочани најави дигитализација на општинската администрација како основно средство за подобри услуги за граѓаните и ставање крај на сомнежите за корупција.

– Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Кочани ќе значи и изградба на транспарентна, ефикасна и дигитална општина, во која секој граѓанин ќе има еднаков пристап до услугите без посредници, без влијанија и без скриени договори. Преку дигитализација на администрагивните процеси, ја намалуваме можноста за човечки фактор во одлучувањето, ги скратуваме процедурите и обезбедуваме целосна евиденција и контрола на секоја постапка, порача Андов.

Според него, корупцијата се храни со сомнежи, недоверба и зависност. Тој смета дека со дигитализацијата најлесно се доаѓа до  транспарентност, отчетност и доверба.

– Ова не е само технички процес, туку вредносна промена во начинот на работење на општината. Нашата визија е јасна – општина која им служи на граѓаните, а не обратно. Со дигитализацијата, чекор по чекор, градиме систем каде што секојграѓанин ќе има фер можност и еднаков третман, нагласи Александар Андов, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за претстојните Локални избори во Кочани.