Општини
Сарамандов: Гевгелија со нов модерен влез и големи инфраструктурни проекти кои го менуваат ликот на градот

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани,
Гевгелија продолжува да се развива како урбана, модерна и успешна заедница.
Задоволство ми е што денес Гевгелија добива нов модерен и урбан влез на градот.
Во изминатиот период овде беа на овој потег, на влезот во градот, беа реализирани 4 проекти:
Реконструкција на натпатникот на Железничката станица со дел од Булеварот,
Дислокација на канал Рауљ,
Изградба на нов мост кон населеното место Мрзенци и на крајот завршивме со изградба на нов кружен тек со хортикултурно уредување и модерно осветлување.
Гевгелија добива репрезентативен влез, продолжуваме со континуирани, постојани вложувања, за да имаме квалитетни, безбедни и естетски инфраструктурни решенија.
Твојот човек!
Твоето место!
За твојата иднина!
октомври 8, 2025