Скопје
Саракинов: Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во 2021 година кога ја доби довербата на карпошани, ја доби со лаги за проекти кои до ден денес не се почнати, еден таков проект е и ветувањето за пензионерски дом, кој според Стевчо требал да биде изграден покрај булевар Илинден.
За да биде уште поубедлив во лагите, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека пензионерскиот дом, покраj апартмани и физикална терапија, ќе има и простор за здравствена заштита, како и простор за забава и рекреација. Ветување како клиника во мало.
Овде нема ниту пензионерски дом, ниту на повидок е нешто такво.
Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев лажеше 2021 година. Лаже и сега. Разликата што тогаш карпошани му поверуваа. Сега на истите лаги никој повеќе не му верува. Стевчо Јакимовски оди во политичка пензија заедно со неговите другари Филипче и Заев.
октомври 8, 2025