Ракомет
Ракометната репрезентација доби нов спонзор

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација.
Договорот за соработка е со важност две години.
– Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов,
Од името на компанијата Нестле задоволство за можност да се даде поддршка на македонските ракометари изрази Рената Матушиновиќ.
октомври 8, 2025