Вести
МЗ: Здравствените работници будно ја следат состојбата на докторот Шаини, не е во животно загрозувачка состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува.
Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација.
Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет.
Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти.
Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот.
Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство.
Министерството ќе ја следи состојбата на доктор Шаини и навремено ќе информира за сите значајни промени.
октомври 8, 2025