Connect with us

Вести

Мицкоски: По победата на локалните избори ќе размислуваме за предвремени парламентарни избори

Премиерот Мицкоски изјави дека по “очекуваната победа” на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат, но, ќе се воделе од интересот на државата.

Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа, барем така зборуваат, во 2021 година, и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме-ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политичким интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет