Општини
Костадинов: Барам нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат

Барам нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат. Валандово мора да остане на врвот на транспаретноста на државно ниво и да биде лулка на демократијата. Валандово мора да биде на сите, на пензионерите, на земјоделците, на децата на родителите. Бизнисот, овде во Валандово, мора да продолжи да дише без притисоци, без закани и без репресии како некогаш
. Институциите мора да бидат функционални, а парите мора да се враќат кај граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ во рамки на кампањата за локалните избори.
октомври 8, 2025