Општини
Колев: Два нови кружни тека и реконструкција на патни правци во Велес

Марко Колев, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во Студио 10 на телевизија 24. Toj говореше за програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.
„Сме во завршна фаза на проектирање и распишување на тендер за нов мост во близина на Башино село. Дополнително, планираме изградба на обиколница со шест влеза, за да можат нашите сограѓани да ја користат оваа обиколница, но секако да ги извадиме сите тешки товарни возила надвор од градот, за којшто веќе имаме подготвено идеен проект и се работи проектирањето“, вели Колев.
Kолев ги најави проектите кои ќе се реализират во Велес, како изградба на два кружни тека, реконструкција на патни правци и изградба на подземна катна гаража со 100 паркинг места.
„Два кружни тека, едниот е кај Костурница, другиот кај Башино Село. Реконструкција на многу патни правци, во градот и надвор од градот. Исто така довршување на трите паркинг места којшто во моментов Општината ги гради. Подземната катна гаража во централното градско подрачје за околу 100 возила. Во близина на кејот се гради уште еден паркинг за околу 50 возила и во моментот се гради уште еден паркинг за околу 100 возила“, заклучи Колев.
октомври 8, 2025