Скопје
Изградба на секундарната линија на фекална канализација во месноста Плац во населба Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска извршил увид на градежните работи за изградба на секундарната линија на фекална канализација, која е неопходна да се извршат приклучоците за домаќинствата на веќе изградената фекална канализација во месноста Плац во Илинден.
Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, во моментот се изведуваат градежни активности на секундарната линија на фекалната канализациска, со што, како што велат, ќе се овозможи приклучување на домаќинствата, на изградената фекална канализација во должина од 4200 метри и преку двата изградени препумпни уреди се поврзани со колекторскиот систем Илинден – Марино.
Дополнително, посочуваат од општината, ќе се создадат услови за да се изврши целосна реконструкција на улица „30“, во должина од 650 метри, која беше оштетена поради изградбата на фекалната канализација.
Градоначалникот нагласил дека овој проект опфаќа дел од населбата кој се наоѓа на најниска кота и е најпогоден од поплави при интензивни врнежи. Со реализацијата на овој проект се очекува да се реши долгогодишниот проблем со поплавувања на домовите и дворовите на жителите од влезниот дел на населбата Илинден.
-Овој тип на вложувања во комуналната инфраструктура има големо значење за локалниот економски развој, заштитата на животната средина и подобрување на условите за живеење. Според градоначалникот Георгиевски, инвестициите во инфраструктурата се еден од клучните приоритети на општината, соопштија од Општина Илинден.
октомври 8, 2025