Тенис
Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Тој по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:2).
Шпанецот откако изедначи на 1-1 во сетови немаше сили за подвиг против искусниот тенисер, кој сега е рекордер и воедно највозрасен тенисер што играл четвртфинале на Мастерс 1000 турнир (претходно тоа беше Рожер Федерер).
Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе му биде Зизу Бергс од Белгија, кој со 2-1 во сетови го совлада Габреил Диало
октомври 8, 2025