Connect with us

Општини

Гоцевски: Нова урбана населба за младите брачни парови во Делчево

Драги делчевчани, ова зад мене е просторот на поранешното стрелиште, ќе создадеме нова урбана населба за домување.

Нови брачни парови да може да добијат плацови по субвенционирани услови, за да изградат свој сопствен дом.

Новата улица помеѓу улиците Маршал Тито и Осми септември, како и новиот мост на река Брегалница, значително ќе ја подобрат проточноста на сообраќајот во овој дел од Делчево.

Одржлив развој врз основа на точно утврдени цели. Точно тоа му е потребно на Делчево.

Затоа, почитувани сограѓани, изборот на деветнаесети октомври мора да биде број 9.