Connect with us

Ракомет

Гарабаја: Не смееме да правиме грешки, Висла веднаш ја користи ситуацијата

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер утре го очекува ново гостување во Лигата на шампионите. Битолчани гостуваа во Полска, а ривал и домаќин им е екипата на Висла.

–  Играме со Висла Плок, тим кој постојано расте и станува многу посилен. Имаат одлична атмосфера во салата и претставуваат сериозна закана за сите ривали. Играат со висок притисок и неверојатно цврста одбрана која е добро синхронизирана и разновидна. Мораме да бидеме фокусирани и да не правиме грешки, зашто тие веднаш ќе ја искористат таквата ситуација. Брзи се во нападот и ги казнуваат сите грешки на ривалите. Ова е Лига на шампиони, тука нема простор за импровизации. Играме против најдобрите тимови во Европа и сакаме да освојуваме бодови. Се надевам дека нема да имаме кризен период во играта, како што беше случај на натпреварот со ГОГ Гудме, кога немавме добри опции цели 15-20 минути. Мораме да одиграме перфектно во текот на целиот натпревар, само така може да се надеваме на позитивен епилог, изјави Рубен Гарабаја тренерот на Еурофарм Пелистер.

Екипата на Еурофарм Пелистер по три одиграни натпревари има една победа и два пораза. Дуелот се игра утре во Орлен Арена со почеток во 18:45 часот.