Connect with us

Политика

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово: МВР и Обвинителството да ги идентификуваат и изведат пред лицето на правдата сторителите

Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, се наведува во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално.

Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат.

Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење.

Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот.