Connect with us

Општини

Божинов: Нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокрински извори за развој и повеќе туристи во општина Ново Село

Природата што ја имаме е нашето најголемо богатство.

Со изградбата на пешачката и рекреативна патека од Колешино до Мокринските извори, ќе го направиме тоа богатство достапно за сите.

Ќе овозможиме безбедно пешачење и рекреација на нашите граѓани, но и ќе ја претвориме оваа патека во нова туристичка атракција.

Тоа значи повеќе гости, повеќе туризам и економски бенефит за целата општина.

Сакаме општина Ново Село да биде место каде што природата и човекот живеат во хармонија.

Кога природата ти е вака блиску, треба мошне малку за да ја почувствуваш со сето срце. Ова нема да биде обична патека, ќе биде место за прошетки и за дружба.

Оваа патека ќе биде симбол на здрав живот, туризам и развој.