Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник

Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев.
Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата.
Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ.
Затоа, вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ.
октомври 7, 2025