Connect with us

Останати спортови

Јашари ја освои петтата титула во снукер

Натпреварувачкиот викенд започна со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојува победа над Јашари во групната фаза.

Јашари во полуфиналето каде имаше голем отпор од мотивираниот Лукревски, но кога веќе се избори за финалето, влезе во ритам и со 4:1 славеше против Владо Матоски.

Овој турнир за Јашари беше дел од подготовките за Европското првенство во снукер, каде што македонскиот шампионот ќе настапи во дисциплината „6 црвени“.

Најдобрите европски играчи ќе имаат мегдан од 6 до 19 октомври во Голем, Албанија, а дисциплината во која ќе настапи Јашари се игра на 13 октомври.

Снукер федерацијата на Македонија до крајот на месец октомври ќе го организира и националниот турнир во дисциплината „6 црвени“, а потоа ќе следува и младинското првенство.