Connect with us

Вести

Реакција на Заев на обвинувањата од премиерот Мицкоски

Поранешниот премиер и екс претседател на СДСМ Зоран Заев денеска преку социјалните мрежи ги отфрли тврдењата на актуелниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со наводите како што посочува, за „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” оценувајќи ги како клевета и навреда.

Според него, станува збор за обид на премиерот Мицкоски да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите, како што посочува, неуспеси.

-Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава. Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија, се наведува во фејсбук статсуот на Заев.

-Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици. А, кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата, пишува Заев.