Connect with us

Општини

Општина Штип го распиша конкурсот за доделување на признанието „8 Ноември“


Општина Штип објави Јавен повик за доделување на наградата „8 Ноември“ за 2025 година. Оваа награда, како што е наведено во денешното известување од Општина Штип, се доделува традиционално како симбол на почит за извонредни остварувања и придонес во прогресот и промоцијата на градот.

Во соопштението се елаборираат условите за учество на Јавниот повик, прецизирајќи кој може да предложи кандидат и под кои околности.

„Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, уметноста, хуманоста и други.“

Секоја кандидатура треба да биде детално поткрепена и да содржи куса професионална биографија на кандидатот, заедно со комплетни информации за предлагачот, се подвлекува во писменото соопштение од Општина Штип.

Јавниот повик ќе трае 15 дена од датумот на објавување. Кандидатурите треба да се достават до Комисијата за доделување на признанија при Општина Штип, на адреса ул. „Васил Главинов“ бб, или во писарницата на Општина Штип.