Connect with us

Вести

Муцунски се сретна со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудиа Плаколм

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ја пречека австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плакхолм.

„Понеделнички, евроинтеграциите во фокусот – средба со австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Claudia Plakolm. Разговаравме за актуелните прашања поврзани со европската интеграција и уште еднаш ја потврдивме нашата стратешка определба за членство во Европската унија. Потврдивме дека остануваме целосно посветени на реформскиот процес, регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот“, истакна Муцунски во објава на Фејсбук.

Воедно, двајцата ја истакнале силната улога и континуираната поддршка на Австрија за напредокот во политиката на проширување на ЕУ.

„Стана збор и за одличните билатерални односи меѓу двете земји, со фокус на можностите за нивно понатамошно продлабочување, особено во областа на трговијата и економската соработка“, додаде Муцунски.