Скопје
Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија.
Спортот прави чуда и создава историја.
Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови.
Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината.
Спортот раѓа здрава младина и дисциплина.
Дисциплината создава подобро општество.
Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети.
октомври 6, 2025