Connect with us

Скопје

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, во рамки на својата нова програма за работа, најави поставување на три слободни Free Wi-Fi зони на територијата на општината.

Новите Wi-Fi зони е предвидено да се постават во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец, во рамки на европскиот проект EU4Digital, и претставуваат конкретен чекор кон дигитална и поврзана општина која им служи на граѓаните и ја следи современата урбана динамика.

„Со поставувањето на овие три слободни Wi-Fi зони им овозможуваме на нашите жители, студенти, млади и туристи подобра поврзаност и полесен пристап до информации. Ова е само дел од нашата визија за модерен, дигитален Центар, во кој технологијата им помага на луѓето и ја подобрува секојдневната комуникација“, вели Герасимовски.