Connect with us

Останати спортови

Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија

„Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21 издание на Виз ер скопски маратон.

Ивановски го повтори успехот на Скопскиот маратон од 2021 година, а до својата втората победа низ улиците на Скопје дојде со фуриозен финиш во завршните два километри во кои го презеде водството од Кениецот Џулиус Кипкоеч, минувајќи прв низ целта со предност од 30 секунди.

„Македонци мои, оваа победа беше само за вас. Немам зборови со кои можам да ви го опишам чувството. Целиот мој живот сум се гледав себеси како победник на овој маратон. Секогаш најважно е од сè ми е достоинствено да ги бранам боите на нашата држава, на нашата прекрасна Македонија. Време беше да покажеме дека и од Македонија има таленти. Уживајте во денот“, порача најдобриот македонски маратонец.

На годинешното издание на Виз ер скопски маратон учествуваа рекорден број од 14.010 натпреварувачи во четири дисциплини – маратон, полумаратон (21 км), трка на 5 км и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.