Фудбал
Алисон паузира најмалку две недели поради повредата

Голманот на Ливерпул и бразилски репрезентативец Алисон Бекер ќе биде надвор од теренот најмалку две недели, откако ја повреди тетивата на натпреварот од Лигата на шампиони во вторникот против Галатасарај, објави денеска тренерот на актуелниот англиски шампион, Арне Слот.
„Алисон не е во составот за утрешниот натпревар против Челзи и нема да патува во Бразил за репрезентацијата“, рече Слот.
Првите прогнози се дека рехабилитацијата на Алисон ќе трае најмалку две недели.
„Зависи од тоа колку брзо ќе се закрепне, но би бил изненаден ако е тука за првиот натпревар по репрезентативната пауза“, додаде Слот.
Повредата на Алисон значи дека летното засилување на Ливерпул на голманската позиција, Грузиецот Гиорги Мамардашвили, ќе го има своето деби во Премиер лигата, на саботното дерби против Челзи.
октомври 4, 2025