Connect with us

Фудбал

Шкендија поразена од Рајо Ваљекано во Лигата на конференции

Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Мадрид од Рајо Ваљекано со 2-0 (2-0) во воведното коло од главната фаза во лигата на конференции.

Шпанскиот домаќин ја оправда фаворитската улога и дојде до рутинска победа над македонскиот противник.

Шкендија одржуваше резултатска неизвесност во првите половина час на стадионот „Варељас“, кога Унаи Лопез му донесе водство на Рајо Ваљекано во 28 минута, а само пет минути подоцна Фран Перез ја удвои предноста.

За актуелниот македонски шампион Шкендија ова беше дебитантски настап во клупската историја во главната фаза на едно европско натпреварување, а следен противник ќе му биде ирски Шелбурн, кој ќе гостува во Скопје на 23 октомври.