Политика
Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓанинот со институциите. Таа е тука секој ден, во вашето маалo, во училиштата, на улиците. Но, сите знаеме дека локалната власт не може сама да носи големи промени. За тоа потребна е силна поддршка, потребна е Влада и водство кое знае да отвора врати и да обезбедува средства, односно да создава можности, рече Драган Ковачки член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Виница. „Убеден сум дека сите сме свесни дека лично премиерот стои зад општинските проекти, зад вашите идеи, зад секој чекор што го правиме и ќе го правиме за подобар живот овде, во нашата Виница. Сетете се како до пред година дена претходната влада на ДУИ и СДС беше блокатор на развојот на општините. Со оваа Влада насекаде гледаме вистински промени – реконструирани улици, подобрена инфраструктура, поддршка за образованието и спортот, вложувања во младите и во стопанството. Ова не се само ветувања – ова се дела што веќе се гледаат и што секојдневно ќе стануваат сè повеќе“, кажа Ковачки.Според Ковачки само со „заедничка работа на градоначалникот, советниците и Владата – можеме да донесеме вистински промени, да реализираме проекти и да изградиме иднина со која сите ќе се гордееме“.„Нашата сила е во заедништвото. Кога локалната власт и Владата се на иста страна, кога премиерот е со нас, кога градоначалникот и советниците работат заедно, тогаш нема пречка што не може да се надмине. Со гласањето за 9 ја давате довербата на нашата локална власт, а таа е доверба што ќе ја донесе и Владата поблиску до вас. Довербата во градоначалникот и во советничката листа со број 9 е доверба и обврска тие да работат со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа заедништво ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите, поголема поддршка за семејствата и за стопанството. Тоа заедништво ќе ја донесе иднината што ја заслужувате“, заклучи Ковачки.
октомври 3, 2025